Темно Режим Светло Режим

Грашковска: За бадниковите огнови важи забраната за групирање на повеќе од 4 лица

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашковска потсети на забараната за групирања, прашана за бадниковите огнови кои се палат на улиците пред утрешниот празник.

– Како и досега и денеска важи забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, такашто во рамки на ова ограничување е и одговорот за евентуалните вечерашни прослави или палење огнови, рече Грашковска.

Таа оцени дека граѓаните биле совесни за новогодишните празници и очекува така да биде и за Бадник и Божик, пришто апелираше на почитување на мерките.

– Да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања, порача Грашковска.

Грашковска најави дека надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ФК Вардар остана без директор, Самоил Симев си поднесе оставка

Следниот Пост

Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица