Грција нема абер да го отвори Евзони, воведува нови рестрикции

И додека некои очекуваат, границата кон Грција да се отвори, од Атина стигнуваат поинакви вести: режимот на граничниот премир Евзони со нашата земја и Какавиа со Албанија, од сега ќе работат од 7 до 19 часот, наместо како досега до 23 часот, а дневно ќе биде дозволено да поминат најмногу 400 лица.

Мерките почнуваат да важат од понеделник 1 март во 6 часот наутро до понеделник 15 март во 6 часот наутро.

На граничните премини, на сите задолжително ќе им се прави брз тест, вклучително и на возачите на камионите, а при позитивен резултат нема да биде дозволен влез, додека за сите останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Границите на Грција за нас се затворени речиси една година. Дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

Претходна вестПо денешните протести: Седум полицајци повредени, осум насилници приведени
Следна вестЖителите на Ѓорче Петров ќе протестираат, не сакаат да им насадат 17 нови згради