Темен режим Режим на светлина

Почина градоначалникот на Загреб – Милан Бандиќ

Починал градоначалникот на главниот град на Хрватска. Имено, на 66 годишна возраст почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ. Ова го јавија тамошните медиуми наведувајќи дека причината за смртта е срцев удар.

-Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година. За деталите, за терминот на погреб, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир, соопштија од Град Загреб.

Инаку, Бандиќ неколку години имал разни здравствени проблеми, но и покрај тоа бил градоначалник на Загреб во шест мандата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Да сум градоначалник на Гази Баба итно би направила поликлиника, базен...

Следна објава

Би ги одзел од Скопје немарноста на некои негови жители, отпадоците…