Да сум градоначалник на Гази Баба итно би направила поликлиника, базен…

Невладината активистка Хајди Стерјова Симоновиќ одговара на прашањето, кои три работи прво таа би направила ако е градоначалник на Гази Баба.

  1. Здравствена установа за сите граѓани

Најитно би направила нова Болница. За ова можеби треба лобирање со централна власт ама е повеќе од неопходно. Гази Баба е општина со околу 100.000 жители ( на последен попис се 77.000, меѓутоа груба проценка е дека сега бројот на жители е од 90.000-100.000 жители) и освен две поликлиники – Ченто која е многу мала поликлиника и има педијатри и матични лекари и има само уште две три специјалности, и Железара, која е поголема со повеќе специјалности, немаме здравствен дом и уште поважно болница каде ќе може да се лекуваат граѓаните од нашата општина.

2. Нова патна инфраструктура

Приоритет би ми било и унапредување на патната инфраструктура. Ова има две компоненти: поврзување на населбите во општината и поврзувањето на општината со другите општини. Ние од Ченто имаме само еден пат за излез од населбата и иако сме толку блиску воздушна линија со Железара и Автокоманда, не сме директно поврзани освен преку бул. „Александар Македонски“ која пак е многу оптеретена сообраќајница. Потребно е порзување и со другите општини, со Аеродром, Бутел.. Би изградила мост кај киното и железничката станица право кон Аеродром/Лисиче, а од мостот да се направи излез на автопат, со што значително ќе се растерети Автокоманда.

3. Нови базени и „комјунити центар“

На општината и треба и отворен и затворен базен. Всушност, неколку базени ни се потребни со оглед на бројот на жители, а тоа исто така е ветувано од неколку градоначалници во минатото и досега не остварено. Идеално би било да има т.н. Лејжр центри (такви има во Англија и претставува одличен спортско рекреативен центар во кој обавезно има и базен, но и други спортски терени, и услови за спортување на отворено и затворено. Би направила и „комјунити центри“, места како што порано било Домчето во Ченто , би правела библиотеки со читални…

Претходна вестЗа малку вакцините ќе дојдеа во февруари, фрижидерите чекаат…
Следна вестПочина градоначалникот на Загреб – Милан Бандиќ