Темен режим Режим на светлина

Хрватски хулигани истепале сезонски работник од Македонија

Хрватската полицијата извести дека петмина млади Хрвати бруталното претепале четворица сезонски работници од синџирот хотели „Валамар Ривиера“ – меѓу кои и граѓанин од Македонија.

Имало вербална ртасправија конфликт поред ноќниот бар „Еликс“, кога сезонските работници за да избегнат натамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во нивниот сместувачки објект во месноста Бабин кук.

Но, групата осомничени ги следела и откако работниците се симнале,  ги нападнале и на тројцата им нанеле полесни физички повреди. Додека физички ги удирале, ги навредувале на национална основа, со што кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување, истражниот судија на Жупанискиот суд во Дубровник на петмината насилници од Дубровник им изрече мерка притвор до 30 дена, пишуваат хрватски медиуми.

Тие се обвинети дека ставиле четворица мажи – еден Хрват, двајца државјани на Босна и Херцеговина и еден државјанин на Северна Македонија, во понижувачка положба со насилство, злоупотреба и друго особено дрско однесување на јавно место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пронајден починат вработен во КПУ Затвор Штип

Следна објава

Дрога, комар, малолетници се журкале по полноќ – акција на полицијата во Битола