Темно Режим Светло Режим

Хутите од Јемен се вклучуваат во војната, испалена ракета кон Израел

Хутите од Јемен се вклучуваат во војната, испалена ракета кон Израел Хутите од Јемен се вклучуваат во војната, испалена ракета кон Израел

Израел соопшти дека е детектирана ракета лансирана од Јемен, што е прв ваков напад од почетокот на воениот конфликт.
Израелската армија наведе дека системите за противвоздушна одбрана веднаш реагирале и ја пресретнале заканата, по што граѓаните биле информирани дека можат да ги напуштат засолништата.

Во меѓувреме, јеменското движење на Хутите, се закани дека директно ќе се вклучи во војната доколку продолжат нападите врз Иран.
Нивниот портпарол изјави дека се „подготвени за директна воена интервенција“ доколку други држави им се приклучат на САД и Израел или ако Црвеното море се користи за напади.

Хутите се вооружена шиитска група од Јемен, дел од таканаречената „оска на отпорот“, заедно со Хамас и Хезболах, и се поддржани од Иран.
Групата, официјално наречена Ансар Алах, постои од 1990-тите.

Нивното евентуално вклучување би значело дополнителна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Ракета од Иран навлегла во турскиот воздушен простор

(Видео) Ранети 12 американски војници, уништени два авиона во последниот ирански напад врз база во саудиска Арабија

Следниот Пост
Дали преговорите во Абу Даби ќе доведат до траен мир во Украина

Зеленски преговара со земјите од Блискиот Исток за испорака на дизел гориво