Темен режим Режим на светлина

ИДЕА ЛАБ со двоен триумф на BEAM 2026

ИДЕА ЛАБ со двоен триумф на BEAM 2026 ИДЕА ЛАБ со двоен триумф на BEAM 2026

Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две награди на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, со што уште еднаш го потврди своето место меѓу водечките ивент и ПР агенции во земјава.

Признание за најдобар ПР настан доби проектот „50 години две легенди – BMW серија 3 и Влатко Стефановски“, додека наградата за најдобар музички настан ѝ припадна на концертниот караван „Нека трепка“ на Сара Мејс.

Покрај освоените признанија, агенцијата имаше уште три значајни номинации – „Саем на книга“ во категоријата најдобар експо/саем настан, „Lazarov Awards“ за најдобар прес/ПР настан и церемониите на отворање и затворање на фестивалот ЕМОФ 2025 во категоријата најдобар спортски настан.

Од ИДЕА ЛАБ истакнуваат дека наградите се резултат на тимска работа, креативен пристап и внимателна продукција, со фокус на искуство што остава впечаток и гради силна бренд приказна.

BEAM е професионална награда што ги вреднува најуспешните и најкреативни настани реализирани во текот на годината, а добитниците ги избира стручно жири составено од експерти од маркетинг, ПР и продукциската индустрија.

ИДЕА ЛАБ во изминатите години е препознаена и како партнер на Superbrands, членка на глобалната мрежа PROI Worldwide и партнер на Алијансата за родова еднаквост (GEA).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ферги наводно престојува кај Присила Присли среде новиот скандал со принцот Ендрју

Ферги наводно престојува кај Присила Присли среде новиот скандал со принцот Ендрју

Следна објава
Скопје ќе добие и уредена и современа градска плажа

Скопје ќе добие и уредена и современа градска плажа