Темен режим Режим на светлина

„Играм и пеам за мојата мајка“ – детска прослава за 8 Март во ДКЦ Карпош

„Играм и пеам за мојата мајка“ – детска прослава за 8 Март во ДКЦ Карпош „Играм и пеам за мојата мајка“ – детска прослава за 8 Март во ДКЦ Карпош

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, на 6 март во 10 часот во Детскиот културен центар – Карпош во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Играм и пеам за мојата мајка“, под мотото „Љубов и насмевка за сите жени“.

Настанот е посветен на мајките и на сите жени, како израз на благодарност и почит за нивната улога во семејството и општеството.

Во рамки на програмата ќе биде отворена изложба на ликовни творби изработени од децата од градинките на Град Скопје. Преку своите цртежи и креативни изрази, најмладите ќе ја споделат љубовта и благодарноста кон своите мајки.

Организаторите посочуваат дека целта е да се поттикне кај децата чувство на почит кон жените, како и свест за еднаквост и вредностите што ги поврзуваат генерациите.

Специјален гостин на манифестацијата ќе биде Јасмина Атанасова-Симјаноска, првата оџачарка во Македонија. Таа ќе им се обрати на децата со порака за храброст, самодоверба и избор на професија без предрасуди.

Атанасова-Симјаноска, која е и дипломиран архитект, енергетски контролор и автор на учебници, ќе ја сподели својата животна приказна, нагласувајќи дека секој може да успее ако верува во себе и истрајно ги следи своите соништа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВАРДАКС АД: Повторно започнува функционирањето на продуктоводот

ВАРДАКС АД: Повторно започнува функционирањето на продуктоводот

Следна објава
Се отстрануваат хаварисаните возила од паркинзите и тротоарите во Општина Карпош

Се отстрануваат хаварисаните возила од паркинзите и тротоарите во Општина Карпош