Темен режим Режим на светлина

Се отстрануваат хаварисаните возила од паркинзите и тротоарите во Општина Карпош

Се отстрануваат хаварисаните возила од паркинзите и тротоарите во Општина Карпош Се отстрануваат хаварисаните возила од паркинзите и тротоарите во Општина Карпош

Хаварисаните и напуштени возила кои со месеци стојат на паркинзи, тротоари и зелени површини претставуваат сериозен проблем во Скопје.

Освен што зафаќаат вреден паркинг-простор, тие го нарушуваат изгледот на јавните површини и создаваат дополнителни комунални проблеми, но и небезбедност на пешаците при движењето.
Од Општина Карпош информираа дека започнала акција за отстранување на ваквите возила од нивната територија.

Општинските комунални служби најпрво ги известуваат сопствениците со поставување налепници на возилата, со кои им се укажува дека имаат обврска да ги дислоцираат во одреден рок.
Доколку по истекот на рокот возилата и понатаму останат на истото место, општината пристапува кон нивно подигнување и отстранување.
Од Општина Карпош најавуваат дека акцијата ќе продолжи сè додека не се отстранат сите напуштени и отпадни возила од јавните површини.
Ваквата практика, велат од општината, е неопходна за ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред.
Слични активности треба да преземат и останатите скопски општини, со цел овој долгогодишен проблем конечно системски да се решава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Играм и пеам за мојата мајка“ – детска прослава за 8 Март во ДКЦ Карпош

„Играм и пеам за мојата мајка“ – детска прослава за 8 Март во ДКЦ Карпош

Следна објава
„Ова е само крајот на светот“ – премиера во Драмски театар со тема за премолчените семејни вистини

„Ова е само крајот на светот“ – премиера во Драмски театар со тема за премолчените семејни вистини