Европската Унија помпезно им даде надеж на транспортерите од Западен Балкан дека нема да ги третира како мигранти, ама сега најавува дека ќе се почека за такво нешто.
Ова го најави претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неѓо Мандиќ, кој додаде дека од Брисел ги отфрлаат сите предлози со образложение дека се „невозможни и спротивни на Шенгенското право”.
Едноставно, ЕУ и на камионџиите им дадоа „датум” како што и дадоа на Македонија за почеток на преговорите. И сега датумот ќе се чека на некој си датум по многу изминати датуми.
Дали Брисел не знае да делува на друг начин кога е Западен Балкан во прашање?
Можно е транспортерите од регионот повторно да ги блокираат граничните премини за товарниот сообраќај. Тие во јануари веќе неколку дена организираа блокади на граничните премини кон ЕУ. Проценките беа дека дневната штета на бизнисот изнесува околу 100 милиона евра. Тогаш Брисел испрати сигнали дека ќе даде „датум”.
Камионџиите покажаа дека со еднинство може да се изврши притисок врз ЕУ, останува да се види како ќе реагираат евробирократите. Ќе дадат ли нов датум или навистина ќе го решат проблемот што самите го направија?