Темен режим Режим на светлина

Има доволно храна во земјава, нема потреба од паника, велат од Владата

Во земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, и граѓаните да бидат смирени, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, велат од Владата, откако е забележано значително поголемо купување на брашно и други производи.

Засега, тврдат од Владата, нема потреба да се активираат ниту стоковите резерви.

-Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат резерви за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, велат од Владата.

Исто така, апелираат и до трговците да ја почитуваат одлуката за ограничување на трговските маржи бидејќи од оваа мерка никој нема загуби.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Утре посончево, за викенд облачно и постудено со дожд и снег

Следна објава

Можат ли трговците и производителите да се покоректни со цените?