Темен режим Режим на светлина

Можат ли трговците и производителите да се покоректни со цените?

Цените на дел од производите во маркетите од вчера растат. Рафтовите по продавниците и истакнатите цени (на пример на лебот) покажуваат каква е состојбата на македонскиот пазар откако престана да важат замрзнатите цени на основни артикли.

Од денеска, ќе се види дали ќе се пополнат рафтовите кои до вчера на повеќе места беа празни – за маслото за јадење, за брашното, па дури и штандовите за сувомеснати производи. Нешто изнакупуваа граќаните пред да престане владината мерка на замрзнати цени, а нешто вчера експресно беше испразнето од трговците во очекување на зголемени цени.

Дури и министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека празните рафтови се должеле на тоа што трговците сами ги повлекле залихите за да ги вратат со нови цени. Сега чекаме да каже што сработува пазарната инспекција околу тоа.

Манипулации кои деновиве може да бидат направени од страна на трговците треба да се откријат. Граѓаните веќе ги забележаа.

-Бев во еден голем супермаркет и видов празни витрините со сувомеснати производи кои до завчера беа полни. Тоа не значи ништо друго туку дека ги повлекле во магацините за да добијат нова, поскапа, цена. Како може и како смеат вака да манипулираат. Тие производи се набавени по една пониска цена, а сега сакаат да ни ги продадат по суперпоскапа. Срамно е тоа што се прави од нивна страна, ни рече еден скопјанец.

Колкумина трговци се однесуваат вака? Дали некои од нив манипулирале и со брашното и со маслото за јадење или снемнувањето со должело на зголемените барања на граѓаните?

Трговците, но и производителите деновиве треба да покажат коректен однос кон потрочувашите, а не само да мислат на повисоки профити. Да, времињата се кризни, но не треба тоа да се користи за качување на цени и каде треба и каде не треба. Го можат ли тоа?

Инаку, вчера министерот уверуваше (ја смируваше јавноста) дека барем белиот леб не е поскапен. Граѓаните на социјалните мрежи искажуваат надеж дека денеска веќе бил во некој маркет да си купи од таквиот леб и ќе им каже каде е тоа за да купат и тие. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Има доволно храна во земјава, нема потреба од паника, велат од Владата

Следна објава

Скопските советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата еднаш месечно на средби со граѓаните