Говорот-коментар на Тони Стојановски испишан на ѕидовите во просториите на ФФМ

102

Фудбалската репрезентација на Македонија по добро ќе ја памети оваа чудна 2020 година, бидејќи преку финалето на Лигата на нациите и победата во Грузија (0-1) за првпат се пласира на едно Европско првенство.

Натпреварот кој ќе биде засекогаш запишан во аналите на македонскиот фудбал беше посебен, доби завршница каква што посакувавме, а коментаторот на Македонската радио телевизија, Тони Стојановски се погрижи и фановите крај малите екрани да ја почуствуваат „магијата“ од Тбилиси.

Тој со емотивен говор-коментар го поздрави пласманот на Европското првенство, што беше со одушевување прифатено од публиката. Сега, Стојановски доби неверојатна чест и неговите зборови се испишани на ѕид во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини го пречека новинарот од Македонската телевизија и му ја покажа плакетата со неговите зборови која ќе ги краси ѕидовите на федерацијата.

Фото: ФФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСкопјанка паднала во автобус и тешко се повредила
Следна вестВо ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти