Истрага за мајката на задушеното дете во пожарот од Гостивар – со години малтретирано, заврши трагично

Основното јавно обвинителство во Гостивар отвори истрага против мајката на седумгодипното дете кое вчера го загуби животот во пожарот во станот во центарот на градот, а за кое е утврдено дека било врзано со синџир за нозете.

36-годишната жена која исто така беше повредена е осомничена за кривично дело – Повреда на семејни обврски, предвидено и казниво согласно член 203 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Или во превод, таа е осомничена дека го малтретирала своето 7 – годишно дете, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. Поради тоа што било врзано, детето вчера не моѓело да избега оод пожарот и се задушило.

Побаран е притвор за мајката, на која и се заканува казна затор од пет години.

Во меѓувреме, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот, а останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.

Она што зачудува во целиот случај е што ова семејство, во кое освен починатот дете има и други малолетни деца е сместено во станот што изгоре со посредство на Министерството за труд и социјала. Но од Министерството вчера тврдат дека нне знаеле, односно никој не им пријавил дека се скучува вакво ѕверско постапување со дете, иако мајката сама признала дека го врзува зашто било агресивно!

Жално е што ваков трагичен случај покажа колку малку чини еден детски живот, и уште еднаш на површина ја исфрли недоволната грижа, ангажман и одговорност на институциите, кои придонесоа во еден дел, едно дете со години да трпи терор од родител- монструм, за на крајот сето тоа да заврши со смрт.

 

 

Претходна вестСЗО смета дека ризикот од вакцината на „Астра Зенека“ е помал од придобивките
Следна вестКога помисливме дека зимата замина – доаѓа снег