Темно Режим Светло Режим

Изет Меџити ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: За Чаир ја напуштив Владата, за да се вратам меѓу моите луѓе

Меџити: Ги поставивме темелите на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Чаир Меџити: Ги поставивме темелите на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Чаир

Првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, денеска официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир.

„Чаир е повик што не можам да го одбијам! Чаир е обврска што со понизност ќе ја исполнувам! За Чаир прифатив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу моите луѓе. Верувам и сигурен сум дека ја направив вистинската и исправна одлука“, изјави Меџити.

Тој потенцираше дека Чаир има потреба од градоначалник кој е постојано присутен меѓу граѓаните, за да им даде помош и поддршка.

„Луѓето од Чаир заслужуваат градоначалник кој бил, е и ќе остане секогаш меѓу нив“, додаде Меџити.

Кандидатурата тој ја заврши со пораката: „Победа. За Чаир. Нека ни е со среќа!“

Претходниот Пост

Костова по одлуката на Ралев: Интегритетот е бесценет, но сè поредок

Следниот Пост

Силјановска во Крушево, Мицковски во Скопје а Бендевска во Пелинце за Илинден