Темен режим Режим на светлина

Измама вредна 720 евра пријавила 27-годишна неготинка

Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Измама вредна 720 евра пријавила 27-годишна неготинка во полиција, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 16 часот, во ОВР – Неготино, 27- годишна жена од градот пријави дека била измамена за сума од 720 евра.

Според пријавеното, во месец октомври, преку мобилна апликација остварила комуникација со лице кое продавало текстил на социјална мрежа, а потоа парите ги уплатила на сметка преку апликација за меѓународен трансфер на пари, на лице од Република Турција.

По неколку денови, пријавителката се обидела да оствари контакт, но, не добила одговор, била блокирана и сфатила дека е измамена, појаснија од СВР – Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар

Следна објава

Мицкоски: Претходната влада се задолжувала, а не креирала вредноста, тоа е разликата меѓу нив и нас