Темен режим Режим на светлина

Итен состанок во ЦУК по лизгање на земјиште на Водно

По иницијатива на општина Центар, во Центарот за управување со кризи денеска се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа претставници од ЦУК, Мухамед Али и од Општината.
Состанокот, како што информираат од ЦУК, беше свикан поради појавеното ЛИЗГАЊЕ на земјиште на Водно, во близина на улиците „Белградска” и „Партеније Зографски”.

„Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона, а за заклучоците од состанокот ќе биде информирана Владата за натамошно постапување”, соопштија од ЦУК.
За жал скопјани во минатото беа сведоци на повеќе лизгања на земјиште кое загрозуваше објекти и жители од подножјето на Водно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Повторно пешак тешко повреден при удар од автомобил вчера во Скопје

Следна објава

Мицкоски кажа дека Уставниот суд веќе донел одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите