Израелската армија: Освоивме важно упориште на Хамас и Исламски џихад

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека по 10-часовни борби освоила важно упориште на Хамас во Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“. ИД соопшти дека упориштето е заземено во западниот дел на Џабалија, на околу 4 километри северно од градот Газа.

Израелските војници, се додава, се бореле со припадниците на Хамас и Исламскиот џихад „над земја и на подземна рута во таа област“.

Според соопштението, за време на борбите биле убиени десетици палестински милитанти, а во нивниот воен камп е пронајдено многу оружје и откриени се шахти од тунели, вклучително и една во близина на градинка, која води до „голема подземна рута“.

ИД не соопшти дали имало жртви меѓу израелските војници во нападот.

Претходна вестПретставата „Браќа Карамазови“ вечерва на сцената на Националната опера и балет
Следна вестГрадоначалничката Арсовска уште еднаш да прошета по аеродромската улица „Васко Карангелески“