Андриј Јермак, поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски е осомничен за перење пари во рамки на голема антикорупциска истрага, соопшти Специјалното обвинителство за борба против корупција.
Тој е поврзан со наводна корупциска шема вредна околу 100 милиони долари, поврзана со државната компанија „Енергоатом“.
Во случајот веќе се обвинети повеќе лица, меѓу кои поранешни високи функционери и блиски соработници на власта.
Според истрагата, дел од средствата биле користени за изградба на луксузни куќи, а една од нив наводно била наменета за него.
Јермак, кој важеше за еден од најмоќните луѓе во Украина и близок соработник на Зеленски, поднесе оставка во ноември 2025 година по избувнувањето на аферата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




