Темен режим Режим на светлина

САД воведоа нови санкции против компании што извезуваат иранска нафта во Кина

САД воведоа нови санкции против компании што извезуваат иранска нафта во Кина САД воведоа нови санкции против компании што извезуваат иранска нафта во Кина

САД воведоа нови санкции против три лица и девет компании, меѓу кои фирми од Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати, поради помош на Иран во извоз на нафта кон Кина. Санкциите се насочени кон мрежа на компании што, според Вашингтон, соработувале со Иранската револуционерна гарда преку параван-фирми.

Американското Министерство за финансии соопшти дека овие структури биле користени за продажба и транспорт на иранска нафта. Министерот Скот Бесент изјави дека САД ќе продолжат да го „сечат“ пристапот на Иран до финансиски ресурси за финансирање оружје и нуклеарната програма.

Истовремено, Стејт департментот понуди награда до 15 милиони долари за информации што би помогнале во разбивање на финансиските мрежи на Иранската револуционерна гарда.

Овој потег доаѓа непосредно пред најавената средба меѓу Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, на која се очекува да се разговара и за Иран и Ормускиот теснец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Јермак, шефот на кабинет на Зеленски, ќе одговара за корупција од 100 милиони евра

Јермак, шефот на кабинет на Зеленски, ќе одговара за корупција од 100 милиони евра

Следна објава
Владата на британскиот премиер Стармер е пред паѓање поради амбасадорот Менделсон кој бил во пријателство со Епстин

По изборните порази во Велс и Шкотска, се погласни се барањата за оставка на британскиот премиер Стармер