Темен режим Режим на светлина

Касами: БЕСА не оди на лидерска средба, таа е за спас на ДУИ

Движењето Беса нема да учествува на денешната лидерска средба на парламентарни партии која ја свика премиерот Димитар Ковачевски. Лидерот на Беса Билал Касами денеска соопшти дека нема да учествува на средбата затоа што нема да се разговара за промена на терминот „20 проценти“ во Уставот но и дека таа е наменета за „сапсна ДУИ“.

-Една од главните европски вредности е познавањето на јазикот на еден народ, што не е случај ниту во Северна Македонија каде албанскиот јазик се уште е познат со погрдни термини како 20 проценти. Состанокот што го свика премиерот Ковачевски е формалност, за да се спаси ДУИ од обврската да седне на „Масата“ на претставниците на албанските партии, на која претставникот на ДУИ требаше да даде отчет за реализацијата на преземените обврски со договорот, во кој услов е внесувањето на албанскиот јазик во Уставот на државата. Албанците се автохтони во оваа држава и не дозволуваме да бидат третирани со погрдни термини како 20 перценти. Затоа, Движењето БЕСА нема да учествува на средбата што ја свика премиерот Ковачевски, кој ја игра играта и улогата на спасител на ДУИ, се вели во дел од соопштението кое го лиферува Касами.

Освен Касами, од претходно е познато дека на денешната средба во Собранието нема да учествува ниту Димитар Апасиев, лидерот на Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Калин Ивановски скокна 115 позиции на АТП ранг листата

Следна објава

Кај скопјанец осудуван за учество во странска војска пронајдено полуавтоматско оружје