Темен режим Режим на светлина

Бензинот БС-98 поскапува за  два денара, БС-95 за 1,5 денари

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за  96,5 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за половина денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар.

Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува и останува 93 денари за литар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопјанец осомничен дека продавал марихуана

Следна објава

Инфлацијата во октомври стасала до рекордните 19,8 проценти