Ако Арбен Таравари остане на ставот дека не е заинтересиран да биде кандидат за претседател на државата, тогаш таа трка, за коалицијата на опозициски партии на Албанците, ќе ја трча Билал Касами. Ова во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 го открива лично Касами, лидер на Движењето Беса.
– Првично беше разговарано да биде г. Таравари, но не е исклучено, има комбинации и јас да бидам, вели првиот човек на Беса.
Касами тврди дека разговорот со Таравари на оваа тема не е завршен.