Во текот на вчерашниот ден полицијата казни 200 возачи во Скопје од кои 128 биле фатени за брзо возење, девет биле за возење без возачка дозвола и 7 казни за возење под дејство на алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат.
– Дополнително полцијата изрекла се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење сигурносен појас, информираат од МВР.
Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





