Во изминатово деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци, соопшти денеска МВР. Казна за овој вид прекршок е 20 евра во денарска противвредност.
-Освен ова, на територијата на земјава на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката, се наведува во информацијата.