Ќе го преживеат ли угостителите без помош периодот што следи? Јосифовски: Државата да го стави прстот на глава!

Уште еден удар врз угостителите. Од први октомври не ќе смеат да примаат вакцинирани само со една доза, односно ако сакате да влезете во кафеана ќе може само со две примени. Угостителите, после ваквата последна одлука, велат дека ова ќе биде последниот најголем удар врз нив, бидејќи тешко кој ќе може да го издржи. И онака прометот ни е сведен на минимум па што ли ќе биде кога нема да можат да влегуваат уште повеќе луѓе, прашуваат тие.

-Новите рестрикции кои стапуваат на сила од следниот месе, мислам дека ќе ги „дотепаат“ угостителите, но и целата индустрија. Не е проблем имунизацијата, проблем е периодов, сега зимски, зашто и онака нема луѓе, а со овие мерки уште повеќе ќе нема. Мора државата да го стави прстот на глава и да се запраша што прави, зашто ова што сме оставени на цедило, го нема во ниту една друга земја, вели Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора на Македонија, за Алфа.

Барат помош од државата, обидувајќи се да најдат сламка за спас. Но, владата им одговори дека за такво нешто додека не завршат изборите нема да може да се размислува.

Колку од угостителите ќе ги преживеат изборите и периодот што следи?

Претходна вестУште ли ќе царува површноста на властите, а одговорноста ќе се бара кај сите нас?
Следна вест178 сообраќајни прекршоци во Скопје, 94 за брзо возење