Кине нема да воведува санкции против Русија и се противи на секакво нивно еднострано воведување. Хуа Чунјинг, портпаролка на кинеското Министертсво за надворешни работи денеска изјави дека санкциите против Русија нема да ги решат проблемите и дека се против секаков вид санкции.
-Прашувате дали ќе воведеме санкции кон Русија? Очигледно, вие не ја разборате доволно политиката на кинеската влада. Кина секогаш се противи на какви било незаконски еднострани санкции. Никогаш не сме размислувале за санкции како најдобар начин за решавање на проблемите, рече Хуа Чунјинг.
Чунјинг рече дека Кина се надева дека заинтересираните страни можат да се обидат да ги решат своите проблеми преку дијалог, да останат смирени и да дејствуваат претпазливо.
Воедно од официјална Кина пристигна и реакцијата дека активностите на САД „ги подигнаа тензиите, создаваат паника, па дури и нагласи распоред на војна во Украина”.




