Вкупно 351 член на руската Дума, 27 физички и правни лица, повеќе банки се во пакетот на санкции против Русија и регионите Донецк и Луганск кој Еврипската унија денеска официјално ќе го усвои. Пакетот вчера беше одобрен од Советот на министри за надворешни работи. Санкциите треба да стапат на сила попладнево откако ќе бидат објавени во службениот весник на ЕУ, објаснуваат во Брисел.
Овие физички и правни лица се санкционирани поради незаконското признавање на сецесионистичките украински региони односно оние кои ги финансирале, одиграле улога во инвазијата и дестабилизацијата и воделе војна за дезинформации против Украина.
–Ова е јасен одговор на (руското) кршење на меѓународното право. Санкциите се директно насочени кон поединци и компании вклучени во овие акции, како што направивме по нелегалната анексија на Крим во 2014 година. И конечно, ја ограничуваме способноста на Руската влада да собира капитал на финансиските пазари на ЕУ. Ќе му отежниме на Кремљ да води агресивна политика, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Се огласи и претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел:
Официјална процедура на усвојување на санкциите треба да заврши денеска попладне по што усвоениот документ за пакетот санкции ќе биде објавен во службениот весник на ЕУ.



