Темен режим Режим на светлина

Комисијата си препорачува, Владата си трае – две недели не е одлучувано за сертификатите за прележан ковид

Сертификатите за прележан ковид во земјава и натаму важат само 45 дена, иако Комисијата за заразни болести уште пред две недели (на состанокот од 8 февруари) препорача продолжување на важноста до 180 дена.

На новинарско прашање дали Владата расправала за оваа препорака, портпаролот Михамед Хоџа рече дека досега за тоа не се дискурирало на Владата, а за да дојде до Владата прво треба да го разгледа Главниот координативен кризен штаб.

Потврдата за прележан ковид-19 да важи 180 дена, а не 45 како што е актуелната одлука, беше една од првите препораки кои произлегоа од новиот состав на Комисијата за заразни болести. Со ова, се усогласува времетраењето на сертификатот со останатите земји во ЕУ и светот каде потврдата за прележување на болеста важи до 180 дена.

Во меѓувреме, Комисијата донесе уште неколку препораки од кои две од вчера: да се укинат задолжителниот негативен ПЦР тест и сертификатите за вакцина или прележаност при излез од државата, како и онаа за враќање на бремените жени на работа, а притоа и апелот да се вакцинираат против ковид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кина е против санкции за Русија, смета дека САД ги зголемува тензиите во Украина

Следна објава

Три дена се мачеа за на крајот сите да гласаат - изгласна минимална плата од 18.000 денари