Темен режим Режим на светлина

Кинез тешко повреден во животна опасност, паднал од платформа при изведување градежни работи

На 03.06.2025 во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.

-Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бислимовски не очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Следна објава

Слободен влез за децата од Детска лига и училишен фудбал на мечот Македонија – Белгија