Темен режим Режим на светлина

Кој ќе биде третиот предлог за нов уставен судија – Јовески или Климовски?

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд. Пред членовите на Комисијата треба да се најдат кандидатурите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од владејачките партии и предлогот на опозицијата – универзитетскиот професор Саво Климовски.

Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Тие беа предложени од владечкото мнозинство во парламентот.

Во петокот, комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Сите тие беа предложени од опозицикста ВМРО-ДПМНЕ.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Се грижиме за земјоделците, 30 отсто повисоки откупни цени на грозјето оваа година

Следна објава

Арсовска ги разреши секретарот на град Скопје Велковски и директорот на „Водовод и канализација“ Перински