Темен режим Режим на светлина

Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски поднесе оставка од функцијата. Ова преку соопштение до медиумите го соопштија од партијата.

– И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност, пишува во писмото испратено од Димитар Ковачевски до партиските тела на партијата.

Од СДСМ наведоа:

-Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати, велат од СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Времето денеска сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи