Темно Режим Светло Режим

Ковачевски: За да се намалат функционерските плати треба да се менуваaт седум закони, за судиите не смеат да се намалуваат

Над 50 милиони евра присилно наплатени од граѓани во 2025 година Над 50 милиони евра присилно наплатени од граѓани во 2025 година

Комплексно е решението со кое треба да се изврши намалувањето на платите на функционерите. Ваков одговор денеска даде премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали Работната група за намалување на функционерските плати има доставено некаков предлог.

-Работната група сè уште нема излезено со предлог. Во однос на функционерските плати треба да се менуваат седум закони, при што кај дел од функционерите постојат законски одредби дека не може да се намалува платата. Постојат такви одредби, на пример, кај платите на судиите, во тие делови од законите, делот за пратениците е регулиран со закон за пратеници. Затоа велам дека се работи за комплексно решение кое на крајот од денот треба да донесе правичност во плаќањето на трудот согласно и одговорностите кои секој ги има во државата. Ние бевме во ситуација во којашто претседателот на државава имаше помала плата од секретарка во АЕК и сметам дека тоа е исто така дисбаланс, којшто треба да се адресира на соодветен начин, објасни премиерот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Голем успех: Шаќири потврди дека се доставени ракописите за учебниците по историја за петто и шесто одделение

Следниот Пост
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Променливо облачно со умерен ветер