Во последните 24 часа починале 10 лица, а од направени 3.283 тестирања, регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19. Во исто време има и 227 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите, 3 се од Скопје (83г, 79г, 65г) и по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г), сите во болнички услови.
Од вкупниот број нови случаи на ковид-19 во Скопје се 170, исто како и од оздравените 227 пациенти – 102.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735, од кои 2.952 се во Скопје.