Пет лица починаа од компликации од ковид-19 за 24 часа, додека од 2.596 теста, регистрирани се 367 новозаразени со корона вирус, соопшти денеска Министерството за здравство.
Од петмината починати, двајца се од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г), сите во болнички услови.
Од 367 нови случаи со ковид-19, најмногу се од Скопје 167.
Регистрираните се и 202 оздравени пациенти.
Со ова, билансот во земјава од почетокот на пандемијата е следен: ковид-дијагностициранисе вкупно 96.518, починати се 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223, од кои 2.876 во Скопје.