Кузеска: Нема пазар со правдата и судските случаи

Нема пазар за било каква амнестија, ниту пак со било кого пазар околу правдата и судските случаи, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

На партиската прес-конференција таа одговори на новинарско прашање дали лицата кои се обратиле кај Пендаровски за амнестија на Никола Груевски, се обратиле и во СДСМ?

-Јавноста многу добро знае, имало случаи кога сме преговарале со ДПМНЕ, на пример за законот за ЈО и за други закони каде што требале да направат некаков компромис. Секогаш, буквално секогаш тие отворале судски случаи кои што сакале да се дискутираат. Ние тоа немаме прифатено и нема да прифатиме ниту во иднина. Затоа и не успеавме да се договориме со ДПМНЕ во 2020 година, затоа што доаѓаа на преговорите со судски предмети но ние не прифаќаме. Нема пазар за било каква амнестија, ниту пак со било кого пазар околу правдата и судските случаи, одговори таа.

Претходно, на конференцијата таа рече дека СДСМ се бори за членство во ЕУ заради граѓаните, за подобар животен стандард, поголеми плати и пензии.

-Затоа што нашите граѓаните заслужуваат европски животен стандард. 60 отсто од светскиот БДП се прави во САД и во ЕУ. Затоа, гласот за уставни измени е глас за земјата да биде со економски, рамо до рамо со најразвиените држави, рече таа.

 

Претходна вестВо Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија, само лани заминале 53.000
Следна вестМОН: Ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување