Лекарската комора ќе го разгледа случајот со разрешениот директор Кузмановски и потоа ќе постапува

102

Лекарската комора со загриженост ги следи информациите поврзани со д-р Игор Кузмановски и укажува дека докторската професија има специфична димензија која налага високо етичко и морално однесување.

Ова е ставот на Комората откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како директорот на Клиниката за неврологија Кузмановски подготвува прашок за шмркање и зборува за купување кокаин, по што експресно беше разрешен од министерот за здравство Азир Алиу.

„Лекарот е обврзан во професионалниот и во приватниот живот да ги негува и да ги покажува личните квалитети, соодветни на местото и достоинството на лекарската професија во општеството. Лекарот треба да е свесен дека со секој несоодветен, лекомислен, нечесен и понижувачки акт, покрај тоа што се компромитира самиот ги компромитира и сите други колеги“– велат од Лекарска комора на Македонија.

Оттаму додаваат дека конкретниот случај и расположливите информации поврзани со него ќе бидат разгледани од страна на органите и телата на Комора, кои ќе постапат согласно надлежностите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКаја Шукова и кандидатите за советници ја презентираа програмата пред жителите на Скопје
Следна вестСкопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом