На сила стапија новите правила за влез во ЕУ, важат и за Македонците

33

Од денеска (12 октомври) стапува во сила новиот дигитален Систем за влез и излез (ЕЕС) на граничните премини на надворешните граници на 29 земји членки на Шегнен зоната.

Новите правила ќе се имплементираат постепно, а процесот, како што претходно беше најавено, целосно треба да заврши до април наредната година.

Со стапувањето во сила на новиот Систем за влез и излез, земјите членки на Шенген зоната ќе започнат со електронско регистирање на податоците на државјаните на трети земји, што не се дел од Европската Унија, меѓу кои и на македонските граѓани, кога ги преминуваат надворешните граници на 29-те земји за престои до 90 дена.

За време на периодот на постепено воведување на ЕЕС, земјите членки на Шенген зоната можат самостојно да одлучат на кои гранични премини ќе го имплементираат системот и кога. Целта на ваквиот пристап е да им се овозможи на граничните власти, транспортната индустрија и патниците да се прилагодат на новите процедури.

По истекот на шесте месеци, односно од 10 април 2026, ЕЕС системот ќе треба да се применува на сите гранични премини, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи во системот.

Новиот систем,предвидува граѓаните кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ или Шенген-зоната да остават биометриски податоци (отпечаток од прст и фотографија) при првиот влез во некоја од членките на Европската Унија.

„При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР) на земјава на 1 октомври, објаснувајќи ги деталите за новиот систем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСкопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом
Следна вест(Видео) Директно со Златко Тренчевски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од Левица