Темен режим Режим на светлина

Левица: Министерката, која што неодамна доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не пропушта прилика да ги потсети пензионерите дека им следува ново покачување од 6% на пензиите во септември, ниту пак штеди пофалби во однос на тоа дека ова е најголемо покачување на пензиите до сега, потенцираат од Левица.

– Министерката, која што неодамна доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите да можат да ги задоволат своите животни потреби?!

Апсурдно е, во услови кога Владата ги одмрзна цените и се очекува ново зголемување на основните прехрамбени продукти, а потрошувачката кошничка изнесува над 50.000 денари и се повеќе граѓани тонат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните потреби, министерката Тренчевска ова ПОНИЖУВАЧКО покачување од 720 денари, да гоприкажува како успех на владината социјална политика!

Очигледно е дека ниту Тренчевска, ниту другите министри во оваа ненародна Влада, имаат чувство како е да се преживее месецот со 12.000 денари, колку што изнесува најниската пензија. Потсетуваме дека согласно новата Методологија за усогласување на пензиите, пензионерите ќе добиваат зголемување на пензиите два пати годишно во март и септември. Зголемувањето ќе биде процентуално исто за сите, односно сите ќе добијат зголемување од 6,8 % – со што зголемувањето на пензијата ќе зависи од висината на самата пензија, каде повторно оние со најголеми пензии ќе добијат најголемо зголемување, се вели во соопштението на Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Мицкоски е на потег, да одлучи дали е за ЕУ или за изолација

Следна објава

Запира железничкиот сообраќај, се бара вториот дел од платата за јуни и покачување на коефициентите