Темен режим Режим на светлина

Магичен гол на Алиоски, Македонија ремизираше со Белгија

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со фаворизираната Белгија во квалификацискиот меч за Светското првенство во 2026 година.

Избраниците на Милевски одиграа борбено низ сите 60 минути, го оставија срцето на терен и најмалку што заслужија е ова реми од 1-1 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова беше дуел во кој пред водството на противникот погодивме две стативи во иста акција преку Елмас и Алиоски, во вториот дел дадовме гол кој беше поништен поради милиметарски офсајд за да конечно во 86 минута дојде награда за нашата игра, Чурлинов одлично го пронајде Џани кој пак имаше уште подобра реакција и со гол за најавни шпици донесе ерупција на трибините во Скопје.

Голот за Белгија беше дело на Де Кујпер во 28 минута.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денеска е Задушница

Следна објава

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета