Темно Режим Светло Режим

Македонска марихуана запленета во Србија: СДСМ гледа одговорност во власта, ВМРО-ДПМНЕ им порачаа да ја проверат фабриката на Заев

Македонска марихуана запленета во Србија: СДСМ гледа одговорност во власта, ВМРО-ДПМНЕ им порачаа да ја проверат фабриката на Заев Македонска марихуана запленета во Србија: СДСМ гледа одговорност во власта, ВМРО-ДПМНЕ им порачаа да ја проверат фабриката на Заев

Неодамна запленетата марихуана кај Крушевац во Србија, за која тамошните истражни органи открија дека потекнува од Македонија, се уште ја бранува јавноста. И денеска партиите се препукуваа на оваа тема.

За СДСМ е јасно дека скандалот оди до самиот врв на власта, затоа што ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции. Од партијата на Филипче прашаа и уште колку вакви пратки и уште колку тони дрога, вредна милиони евра ја поминале границата?

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, ја повикаа опозициската партија доколку има било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба.
ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да провери зошто во фабриката за марихуана на Заев имало камиони без таблици и зошто Заев лично ѕвонел на телефони во Царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ДУИ пак „сонува“ власт, се однесува како да е природно да има место во Владата

ДУИ пак „сонува“ власт, се однесува како да е природно да има место во Владата

Следниот Пост
Дали извозот на мозоци од починати лица од Македонија во САД бил според стандардите, проверува Обвинителството

Дали извозот на мозоци од починати лица од Македонија во САД бил според стандардите, проверува Обвинителството