Темен режим Режим на светлина

Макрон од Грција: Европа може да се брани и сама, без помош од САД

Макрон од Грција: Европа може да се брани и сама, без помош од САД Макрон од Грција: Европа може да се брани и сама, без помош од САД

Францускиот претседател Емануел Макрон застана во одбрана на способноста Европа сама да се грижи за својата безбедност, нагласувајќи дека клаузулата за заемна помош во договорите на ЕУ не е „празна формулација“, туку обврска што веќе функционира во пракса.

Тој како пример ја наведе интервенцијата на повеќе земји-членки кои испратија воена помош на Кипар по нападот со дрон врз британска база на 28 февруари, потенцирајќи дека членот 42, став 7, е јасен и недвосмислен.

Макрон, кој престојува во Грција за обновување на билатералниот одбранбен договор, оцени дека европската одбранбена клаузула е „посилна“ од членот 5 на НАТО и повтори дека Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност, наместо да се потпира на, како што рече, сè понепредвидливите САД.

Тој изрази сомнеж во кредибилитетот на НАТО, посочувајќи дека токму изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп внесле несигурност околу примената на членот 5, што, според него, довело до фактичко слабеење на Алијансата.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пак, најави дека се изработува „прирачник“ за практична примена на европската клаузула за заемна помош.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис оцени дека испраќањето воена помош на Кипар било пресвртница, нагласувајќи дека Европската унија мора сериозно да ја сфати оваа одредба и да биде подготвена за различни безбедносни сценарија.

Тој додаде дека ваквиот пристап ќе испрати силна политичка порака дека ЕУ не се потпира исклучиво на НАТО, туку гради сопствен капацитет за одбрана, што на крајот може да биде корисно и за самата Алијанса.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Во Прилеп се штити културното наследство, исчистена е џамијата

Во Прилеп се штити културното наследство, исчистена е џамијата

Следна објава
Рекордни 28 % поддршка за крајнодесничарската партија АфД во Германија

Рекордни 28 % поддршка за крајнодесничарската партија АфД во Германија