Темно Режим Светло Режим

Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА

Омерагиќ: Оваа група ќе покаже колку вредиме Омерагиќ: Оваа група ќе покаже колку вредиме

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА.

Овој комитет, кој функционира под покровителство на Советот на ФИФА, има клучна улога во развојот и координацијата на фудбалот во рамките на Олимписките игри, како и во соработката со Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

„Горд сум што ќе бидам дел од група на истакнати фудбалски претставници од целиот свет и што ќе имам можност да го претставувам македонскиот фудбал на највисоко меѓународно ниво“, изјави Омерагиќ.

Со ова именување, Македонија добива свое место во едно од најзначајните тела на ФИФА, што претставува признание за напредокот и меѓународната видливост на македонскиот фудбал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Ужас го потресе Кавадарци: Го убил брат си со тесла, затоа што мислел дека сака да му го земе имотот

Следниот Пост

Граѓаните во паника ги напуштаат домовите, има урнати згради