Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија со триумф над Белгија ги започна натпреварите на Европското првенство чии домаќин е Скопје. На вториот натпревар од нашата Б-групата, Литванија беше поуспешна од Франција со 102:94.
Македонските кадети попладнево имаа нов предизвик на шампионатот, во второто коло на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одржува во Скопје, противник на нашите млади надежи е силната селекција на Франција.
Инаку на Европското првенство во Скопје учествуваат 16 репрезентации поделени во четири групи.. Во следната фаза, осминафиналето, ќе се пласираат сите селекции.
Главната цел на избраниците на селекторот Александар Јованчев е да изборот опстанок во А-дивизијата, а тоа значи избегнување на едно од последните три места.




