Темен режим Режим на светлина

Матурскиот испит по англиски јазик нема да биде поништен

Матурскиот испит по англиски јазик кој беше споделен преку вибер-групата на околу 7.000 ученици нема да биде поништен, изјави од Државен испитен центар. Ова и покрај тоа што на оваа социјална мрежа беа споделени фотографии со прашањата и одговорите. Директорката на Центарот, Благица Павловска, за Алсат изјави дека не станува збор за пробиен тест од системот, туку си ги споделувале ученици откако испитот веќе почнал.

– Не се предвидува можност за поништување на државната матура. Тестовите беа професионално составени од Центарот и навреме распределени до сите училишта. Тестовите не беа преземени од системот. Тестирањето започна навреме… Материјалот е вратен во канцелариите на Државниот испитен центар и во тек е проверката на списоците и записниците, изјави таа.

Тестот по англиски почна завчера да се шири преку ученички Вибер-групи, а потоа и на социјалните мрежи. Според фотографиите, тестот бил комплетен со одговори на речиси сите прашања.

ДИЦ во сабоптата соопшти дека нивната обврска е да ја спроведат матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата.

-Тестот не е пробиен, туку е споделен откако е започната реализацијата на испитот, наведе тогаш Државниот испитен центар.

Оттаму велат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од денеска почнува Петровденскиот пост

Следна објава

Новак Ѓоковиќ: Го освои Ролан Гарос и 23. Гренд слем, најдобар на сите времиња