Темен режим Режим на светлина

Маж од тетовско нападнал полицајци

Маж од тетовски бил приведен вчера откако претходно бил агресивен кон полицајци. Како што информираат од МВР против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– Вчера околу 18 часот и 25 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот С.А. од тетовско Фалише, кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија, извести СВР Тетово.

По документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Бензините поевтини за еден, дизелот за половина денар

Следна објава

Арсовска се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците