Темен режим Режим на светлина

Мицкоски во Мала Преспа: Македонија нема да ги заборави своите сонародници

Мицкоски во Мала Преспа: Македонија нема да ги заборави своите сонародници Мицкоски во Мала Преспа: Македонија нема да ги заборави своите сонародници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на македонското малцинство во Албанија, при што ги посети Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. За посетата информираше преку објава на Фејсбук, придружена со фотографии, испраќајќи пораки за национално единство и поддршка за сонародниците надвор од државата.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Македонија денес има потреба од обединување околу националните интереси, иднината на младите генерации и зачувувањето на историското достоинство на народот. Тој потсети дека предците, кога се бореле за слобода, не се делеле по потекло или регион, туку биле обединети под името Македонија.

Осврнувајќи се на значењето на македонското малцинство во соседните земји, премиерот порача дека Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонскиот народ. Нивната посветеност во зачувувањето на јазикот, традицијата и националниот идентитет ја оцени како пример за истрајност и достоинство.

„Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, грижа и искрена поддршка“, порача Мицкоски, додавајќи дека државата ќе продолжи да се грижи за Македонците надвор од своите граници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Хрватска: 52-годишен маж усмртил полицаец, па пукал во себе

Хрватска: 52-годишен маж усмртил полицаец, па пукал во себе

Следна објава
Ученичка од шесто одделение во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од три постари девојчиња

Бран семејно насилство низ државата: Полицијата приведе седум лица