Темен режим Режим на светлина

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од нешто повеќе од 11 милиони евра.

Неговата жалба била уважена, а решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пендаровски за Заев: Нашата соработка беше од заедничка борба до несогласувања

Следна објава

Заштитни столпчиња пред „Силбо“