ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 05.05.
до 11.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, додаваат од ПОЦ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





