Темен режим Режим на светлина

Мистериозна сина светлина над Турција пред земјотресот

Турција и Сирија и вчера беа погодени од силен земјотрес, во кој загинаа најмалку 11 лица,пренесуваат турските медиуми, додека се чекаат официјални податоци за бројот на жртвите.

На социјалните мрежи се појавија снимки од  моментот на разорниот земјотрес на кои покрај силниот потрес, се гледа сина светлина која го осветлува небото непосредно пред почетокот на потресите. Вакви чудесни блесоци го осветлија небото над Турција во моментот на првиот разорен земјотрес на 6 февруари оваа година.

Тогаш според познавачите, на небото се појавиле молњи, а подоцна било објаснето дека од потресот на земјата се ослободуваат електрични полнежи од карпите, кои поради земјотресот испуштаат сина и зелена светлина кон небото.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Македонија ќе празнува или ќе стравува?

Следна објава
Лефков: СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко

Лефков: Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма 4 години работи со загуба?